Таравари: Според анкетите СДСМ не стои баш најдобро, Зоран Заев ќе доживее дебакл на изборите

Според Таравари, Зоран Заев ќе доживее дебакл на изборите токму поради катастрофалната состојба во државата на здравствен и економски план. СДСМ на анкетите не стои најдобро и од ден во ден нивниот рејтинг е се помал, затоа сакаат брзи избори вели градоначалникот на Гостивар Арбен Таравари во интервју за „Инфомакс“.


„Гледате дека според анкетите СДСМ не стои баш најдобро. Потоа ова што се случува е веќе загрижувачки, повеќето граѓани ако не веруваа на институциите после овие настани уште повеќе нема да веруваа. Знаете економската криза веќе ни е пред праг, толку резерви имаат граѓаните, ги потрошија, се исплашија и никој не мрда ништо. Знаете тие луѓе кои работат надвор од Македонија не доаѓаат и го нема тој приход кој тие луѓе го трошат во Македонија. И сето тоа не носи во огромна економска криза. Плус разочараноста во целиот систем, да не зборуваме за образованието, скандалозно, три-четири месеци сме без никаква платформа во образованието, каде се одржуваа каде не се одржуваа часови. Има огромна разочараност. И тој брза што ќе фати, да фати побргу, што повеќе гласови што ќе може да земе. Инаку ќе соочи со огромен дебакл на изборите“, вели Таравари.

извор: alfa.mk



29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum