Таравари: Можно е да има коалиција меѓу ВМРО-ДПМНЕ и Алтернатива, Мицкоски јавно се извини

Арбен Таравари, генерален секретар на Алијанса за Албанците, вечерва на ТВ21 рече дека можно е да има коалиција меѓу ВМРО-ДПМНЕ и Алтернатива. Како што рече тој, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, јавно се извинил за 27 април. -Тоа е голема порака – рече Таравари. Тој додаде дека Мицкоски бил подготвен да се тргне делот во Законот за јазици каде Албанците се напишани како етничка заедница со 20 отсто од населението. -Тоа, би било прецизно напишано како Албанци, наместо 20 отсто – истакна тој.

Таравари како едно од можните решенија за надминување на оваа состојба и добивање на датум бидејќи како што вели, веќе е јасно дека Владата нема капацитет, го спомна и формирањето на техничка Влада со цел заедничко превземање на одговороноста на клучните политички теми, како што е спорот со Бугарија.

-Бараме техничка влада за да го решиме спорот со Бугарија, да добиеме датум за преговори со Евроската унија, и веднаш да одиме на нови парламентарни избори заедно со локални- додаде Таравари.


извор: slobodenpecat.mk

29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum