Свето тројство: Ердоган, Халк банка, Ајдован… и сомнителната ПРОДАЖБА НА РАМСТОР

Во последните неколку дена изненадувачки одекна веста за купопродажбата на целата компанија Рамстор Македонија од страна на нашиот бизнисмен Ајдован Адемоски.

Официјално, тоа беше вака соопштено: Претседателот на Македонско-Турската стопанска комора во Македонија (МАТТО), почесен конзул на Турција, сопственик на Трговскиот центар Капитол Мол и Хотел Хилтон во Скопје, Ајдован Адемоски го купи Рамстор Македонија.

https://www.facebook.com/vecer.mk/posts/10159901190314879


И до тука се е во ред, освен ботниот дел. Ајдоган Адемовски е многу мал за да го купи Рамстор заедно со неговиот голем трговски центар Рамстор Мол, сета залиха, десетиците маркети низ Македонија. Освен тоа, според податоците од Бизнис мрежа за тековни имотни и финасиски состојби Афирмите на Ајдоган Адемовски се високо задолжени кај турската Халк Банка со кредити а бизниските на Ајдоган Адемовски се ниско профитни, особено хотелот Хилтон Дабл Три и ТЦ Капитол во Аеродром.


Од друга страна, Рамстор Македонија е богата, моќна и профитна компанија во постојана експанзија. Зошто богата и профитна фирма би се продала на бизнисмен кој е заглавен во долгови и тешко ги сервисира и постојните бизниси кои ги има?


Една од опциите е дека Ајдоган Адемовски само формално се јавува како купувач за некој друг. А од тоа кој е тој некој друг зависи дали во случајов можеби се работи за перење пари?


Рамстор од неговото постиење е врзан со политички скандали.

Во 2003-та година тогашната влада на Бранко Црвенковски по цена од 25 евра по квадрат продаде 18 илјади квадратни метри во центарот на градот, и тоа две третини од земјиштето на турскиот инвеститор Коч, а преостанатите на домашната фирма „Евроазија“, која не смела да има поволности како странска фирма и да го купи земјиштето по смешни 25 евра за квадрат во строгиот центар на Скопје.


Фирмата Евроазија уште тогаш се поврзуваше со сега спомнуваниот Ајдоган Адемовски.

Во официјалниот дел на одбележувањето на 10 годишнината на Рамстор Мол во 2015-та година се обратија: Генерален Директор на Рамстор Ајхан Узун, Почесен конзул на Република Турција во Македонија – Ајдоган Адемовски и Заменик амбасадорот на Република Турција Синан Ертау.


Ајдоган Адемовски и во таа прилика истапува како дел од светото тројство на Рамстор: турски менаџер, македонско-турски сопственик и турска држава.


Дали одговорот треба да се бара кај Халк Банка? Државна турска банка која стои зад неразбирливото кредитирање ниско профитни бизниси на Ајдоган Адемовски, а веројатно и зад купувањето на Рамстор Македонија од негова страна. Дали не се работи за скриен сопственик во името на турската држава која преку турска банка купува турски Рамстор само формално преку македонски граѓанин кој е патем турски конзул во Македонија.

Осве наведеното тајно и непотрекепно купување и кредитирање, проблемот е и во тоа што Халк банка, правно формално, е макеодонска банка и работи според македонски закони. Давањето кредити со десетици милиони евра на фирми и бизнисмени од Македонија кои немаат покритие за враќање е, според законите во Македонија, ризично работење кое мора да го следи Народна банка.


Сега, Рамстор Македонија треба да биде под хипотека на Халк банка. Под турска државна хипотека, суштински, а формално тоа е ризик на парите од македонските штедачи и компании кои се коминтенти на Халк банка. Едно од стравувањата е дека така работеше и Еуростандард банка, и видовме што се случи.


Работите помеѓу Халк банка и Ајдоган Адемовски се сомнителни на повеќе нивоа. Кон крајот на минатата 2020 година бизнисменот Адемоски беше максимално задолжен во банката, при што банката одлучува наспроти нормална банкарска логика, да направи трампа – му ја затвора старата кредитна изложеност откупувајќи го неговиот објект „City Plaza“ (една половина од зградата) за рекордна цена од 23 милиони евра која никако не одговара на пазрната вредност на објектот.


Месец-два потоа презадолжениот Ајдоган Адемовски се јавува – како купувач на Рамстор Македонија.

За да се разбере едноставно: дали ако се продава Халк банка може било кој да земе кредит од Комерцијална бнака и да ја купи Халк банка, особено ако веќе е задолжен до гуша? Тешко.


Сепак, освен сомневањето за можно перење пари тука има место за сомневање и дека се работи са турска државна финансиска операција со политички цели во Македонија. Кон сите турски титули на Ајдоган Адемовски тука е и титулата дека тој е прогласен за претседател на бордот на директори на турскиот Балкански универзитет во Скопје. Ајдоган Адемовски со високото образование, патем, нема ништо заедничко освен дека е “човек на Ердоган во Скопје“.


Се очекуваат нови детали околу купо-продажбата на Рамстор Македонија, Халк банка и “човекот на Ердоган“. Се очекува и одговор: дали тука има и црни пари на крупни македонски бизнисмени.



извор: vecer.mk

29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum