СВЕДОШТВО ОД ВИНИЦА: ЕДНО РАБОТНО МЕСТО ГО ВЕТИЛЕ НА 6 ДЕВОЈЧИЊА

На социјалните мрежи се појави сведоштво во кое на пишана порака се вели дека претставници на актуелната власт во Библиотеката и во Домот на кутура во Виница ветуваат предизборно едно работно место на 6-мина граѓани.


“екипата од библиотеката и од домо на културата дека стигне обеќа вработување во бублиотеката. Веќе на 6 девојчиња ветено ако гласаат за СДСМ. А место е едно. Нели е срамота,”


-стои во пишаниот транскрипт од пораката.

За оваа проблематична ситуација за власта реагираа и од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Виница.


Во продолжение ја пренесуваме нивната реакција интегрално:

“СДС Виница не ја научија лекцијата од локалните избори 2017 година кога ветуваа едно работно место на неколку луѓе.


Очигледно поразот од 1800 гласови разлика на претседтелските избори во Виница не беше доволен ‘шамар’ за раководство на СДС Виница да се освести дека манипулациите, лагите и празните ветувања народот ги казнува на избори!


Од пораката која ни ја испрати наш сограѓанин кој сака да остане анонимен гледаме дека на ред дојдоа Градската библиотека и Домот на културата каде сега се ветува едно работно место на 6 девојчиња.

#ВеќеНикојНеВиВеруваНаШаренитеЛаги

извор: bregalnicki.mk

83425208_113292373554260_678017133495032
29060043_2016680208590936_36926234558838

© 2020 Аналитикум / Analitikum