Сулејман Реџепи: Пендаровски ја злоупотреби ИВЗ за победа на претседателските изборите

Претходниве неколку месеци актуелен беше поранешниот поглавар на ИВЗ Сулејаман Реџепи. Она што е интересно е тоа што на претходните претседателски избори тој му помогнал на Стево Пендаровски, кандидат на СДСМ, да стане претседател.

Сулејман Реџепи е видно разочаран од Пендаровски и според него тој ја злоупотребил ИВЗ за победа на изборите.

Миле Зечевич од СДСМ, преставник на Зоран Заев и преставник на ДУИ беше Изет Меџити кои ме молеа да ги примам на состанок. Јас да ги примам на состаник, ама каде? Каде сакаш ти. Не, јас им реков каде сакате вие, нема потреба од молба. Тие се луѓе што преставуваат сериозни субјекти. Важно е што јас прифатив, дојдов во Дом на пратеници, побараа од мене да ги помогнам со апел за изборот за преседател на Стево Пендаровски. Два Пендаровци, двајца Стевовци можеа да се изберат со тие гласови со кои интервенирав јас. Јас ја повикам мојата популација, моите муслимани и тоа даде резултат и самиот Стево Пендаровски ми има кажано, ова е твоја победа не моја, рече Сулејман Реџепи.

Поранешниот поглавар 74 годишниот Сулејман Реџепи беше на чело на Исламската верска заедница од 2006 година. За неговото име честопати се врзуваат контроверзни случувања, а понекогаш знае да ја зачуди јавноста со неговите неодмерени изјави.


извор: lider.com.mk

29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum