Судија добил ќотек на меч во Кравари во Третата лига - Запад

Третите лиги во мак-фудбалот само што започнаа, веднаш во полицискиот билтен влезе инцидент, откако главниот судија на натпреварот меѓу Кравари и Лирија од село Грнчари добил ќотек.

Во полицискиот извештај стои дека на 11 октмоври во 18.00 часот во Полициско одделение Велушница-Битола, А.С.(41) од с. Дрслајца, струшко, инаку фудбалски судија, пријавил дека околу 15.45 часот во с.Кравари, на фудбалски натпревар, бил физички нападнат од А.Р. (25) од Битола, Ј.Ќ. (23) и А.М. (32), двајцата од с.Грнчари, ресенско.

Истовремено има и пријава од Ј.Ќ. кој пријавил дека додека бил во прекин фудбалскиот натпревар во с.Кравари, бил физички нападнат од Г.Л.(43) од Струга, инаку помошник фудбалски судија.

Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.


извор: gol.mk

29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum