Cтoилов: Тука не се фpлaa по кpcт и немаше кapневал, за Aлбaнците дpyги 3aкони вaжaт?

Голем гнев во јавноста предизвикаа денешните протести за побараната доживотна казна затвор за обвинетите терористи во случајот Монструм.


Насилните протести во кои се фрлаше со камења и петарди врз полицијата беа главна тема на социјалните мрежи.


Со свој став се огласи и капитенот на Вардар, но и ракометен репрезентативец, Стојанче Стоилов кој посочи дека во Македонија очигледно за албанското малцинство важат други закони.


-Охрид санкционирани дечките што скокале по крстот, Вевчани за карневалот специјалци насилно ги разби луѓето… поради Короната.


А ова се случува во главниот град Скопје за време на Корона… епа најверојатно за албанците важат други закони. Друго нема, а и не е првпат!!!


Ало Влада на Република Македонија, Министерство за внатрешни работи има некој?!!!

За другар прашувам?!!!


Благодарам, пишува на Фејсбук ракометната легенда на Вардар и македонската репрезентација, Стојанче Стоилов.



извор: infomax.mk

29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum