Што всушност претставува кратенката "ОК"?

„OK“ е можеби најпознатата кратенка во англискиот јазик. Но, ако се обидете да утврдите што значи, на многумина од вас ќе ви биде тешко да одговорите. Некои мислат дека тоа доаѓа од „all clear", други пак мислат дека произлегува од шкотскиот збор „och aye“, или грчкиот „olla kalla“.

Истражувачи се обиделе да го откријат одговорот во 1960-те години, кога Ален Волкер Рид, етимолог од Универзитетот од Колумбија напишал во списанието „Американ спич“. Во 1838 година, уредниците на весниците во Бостон, Масачусетс, мислеле дека кратенките се многу популарни. Уредниците пишувале со овие скратеници: „G.T.D.H.D“ или „Дај му го на ѓаволот она што си му должен ( Give the Devil his Due) или „S.P“. што значи „Мали Компири“ (Small Potatoes). Покрај тоа фразата беше популаризирана од американскиот претседател Мартин Ван Бурен, кој имал прекар „Олд киндерхук“ кој во 1840 година ја почнал својата кампања со слоганот „ОК“. Неговите поддржувачи почнале со ОК клубовите и оттогаш терминот се користи. Дознајте повеќе од видеото:


извор: fakulteti.mk

29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum