Србија во последните три дена тестираше 16 792 лица, Македонија за 2,5 месеци има тестирано 19 000

Во последните 24 часа Србија извршила 5 012 тестови на Ковид 19, од кои позитивни биле 62 лица или 1,2 отсто.


Вчерашните информации беа дека во 24-те часа пред тоа, во Србија се тестирани 6 059 лица од кои 82 биле позитивни или 1,4 отсто.


А информациите од 9 мај велеа дека во претходните 24 часа во Србија се тестирани 5 728 лица од кои 89 биле позитивни или 1,7 отсто.


Истовремено во Македонија во последните 24 часа се тестирани 145 чица од кои 15 отсто се позотивни, а вчера 275 тестирани со 20 позитивни или осум отсто.


Инаку, се проценува дека Србија има 7,2 милиони жители или три пати повеќе од Македонија.


29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum