СОФИЈА КУНОВСКА Заев веднаш да си замине од СДСМ и од функцијата премиер!

Зоран Заев, заедно со своите најблиски соработници, треба веднаш да замине од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и од функцијата премиер на Република Северна Македонија.


За нив нема повеќе место во нашите животи. Тоа може да го разберат веднаш и да заминат, посрамотени со наведната глава, или можат да чекаат (читај: да се дозбогатат), да украдат уште некое време и да го чекаат денот кога ќе стигне казната од граѓаните.


Во историска смисла, оваа отсечка ќе биде еднакво грозна како и владеењето на Никола Груевски и неговиот режим. Тој драматично ја уназади Македонија цивилизациски, поточно економски, образовно, културно, а особено идентитетски, барајќи ги корените кај Хунзите и кај Александар Велики.


Оваа гарнитура продолжува со истиот идентитетски инженеринг, но во спротивната насока, трампајќи ги вистинските корени, со сосед со јасни вековни аспирации, за трговска зделка, онеспособувајќи ги на дневна основа, поради својата неспособност, сите витални системи на државата.


Патем оваа карикатура од премиер е најсрамотната презентација на нашата држава на меѓународната сцена, за која паметиме. Бидејќи не заслужуваат повеќе, во оваа прилика во фуснота само сакам да посочам уште некоја дилема:


1. Навистина ли мислат платениците од медиумите дека и ова ќе им го голтаат граѓаните? Имаат ли лимит?


2. Посебно сум љубопитна, дали по се ова ќе има трансформација на досегашната соработка на бизнис-комитите од ВМРО со актуелниот премиер.


извор: plusinfo.mk

29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum