Со што се занимава сега авторот на феноменалниот хит „Гангам стајл“

На 15 јули 2012 година, музичкиот свет доживеа уште една сензација по објавувањето на хитот „Gangnam Style“.

Пси, јужнокорејски уметник кој ја напиша и сними песната, многу брзо беше катапултиран на меѓународната арена. Пси успеа да го донесе корејскиот Поп на меѓународната сцена, вклучително и во Северна Америка.

Одеднаш, вниманието на сите, како платформата Нетфликс, беше свртено кон културата на Јужна Кореја. Се чини дека „Gangnam Style“, а потоа и другата песна „Gentlemen“, им го отвори патот на многу уметници и групи на К-поп, како што се БТС, БлекПинк или 2НЕ1. „Gangnam Style“ се однесуваше на округот Гангнам во Сеул во Јужна Кореја. Областа е позната како многу тренди, хип, елегантна која беше инспирација за Пси, чие вистинско име е Парк Jaе-Санг.

Веднаш по објавувањето, „Gangnam Style“ беше рангиран на прво место како најотварано видео на ЈуТјуб. Песната иако не го држи сеуште ова место сепак останува една од најуспешните.

Во моментов брои повеќе од 3,9 милијарди прегледи. Покрај тоа, песната и карактеристичниот танц стана тренд во тоа време. По успехот на „Gangnam Style“ и „Gentlemen“, тој ја основа „P Nation“, која потпиша договори со -вездите на К-Поп, како „HyunA“ и „E'Dawn“. Тој продолжува да се занимава со музика, но најмногу произведува за другите под неговата продукција, што секако си има свои придобивки.

Според „Business Insider“, Пси заработил над 10 милиони долари само од прегледите на „YouTube“. Денес, неговото богатство изнесува 60 милиони долари.


извор: vecer.mk

29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum