СО ИСПРАВЕН ГЛАВЕН ТРАНСПОРТЕН СИСТЕМ ДО ПОСКАП ЈАГЛЕН ВО РЕК БИТОЛА



За неодговорното и несовесно работење на раководството на АД ЕСМ поставено од власта предводена од СДСМ, во повеќе наврати ВМРО-ДПМНЕ ја информира македонската јавност. Деновиве сме сведоци на уште еден „бонбона” бизнис од многуте во РЕК Битола. Имено, под превезот на ситни мали повремени дефекти на Главниот транспортен систем за јаглен од рудникот Брод Гнеотино до рудникот Суводол, јагленот од рудникот Брод Гнеотино се транспортира со камиони на надворешни приватни фирми, наместо да се транспортира со транспортниот систем. Капацитетот на пренос на јаглен на главниот транспортен систем е поголем од капацитетот за ископ на рудникот Брод-Гнеотино.

И сега ужасот да биде поголем, главниот транспортен систем работи, а камионите од приватна фирма се ангажирани и носат јаглен!

Ваквото ангажирање на камионите го чини РЕК Битола дополнителни околу 15 евра за километар или повеќе од 350 евра за една тура со камион од дваесет тони. Со овој транспорт се зголемува приближно двојно цената на јагленот од рудникот Брод Гнеотино. Односно, ако цената на јагленот од рудникот Брод Гнеотино чини петнаеситина евра по тон, сега ќе оваа работа чини триесет евра за тон јаглен.

Уште поинтересен е фактот, што камионите со кои се транспортира јагленот од рудникот Брод Гнеотино се сопственост на една фирма од Битола која што во период од само четири месеци има склучено 11 договори за услугата ангажирање на помошна механизација за потребите на рударската оператива во ПЕ Рудници, РЕК Битола.

Зошто раководството на АД ЕСМ прави само вакви постапки со преговарање без претходно објавување на оглас?.

Вредноста на овие 11 договори склучени на 19.08.2020 година и на 21.12.2020 година по принципот на набавка со преговарање без објавување оглас изнесува 255.256.892,00 денари или околу 4 милиони евра. Како резултат на „успешните преговори” на „шампионите” во енергетиката ќе имаме поголема цена за дополнителни 15 ЕВРА на јагленот во РЕК Битола, што значи зголемување на производната цена на kWh за 20% од РЕК Битола. Оваа цена ќе ја платат сите граѓани на Македонија.

За иронијата да биде уште поголема веќе подолго време една од машините на фирмата ЗИМАК, која го доби тендерот склучен во четири очи во РЕК Битола, стои неангажирана. Или е можеби поставена како некоја атракција, или можеби споменик- подарок од фирмата ЗИМАК.

Дали тендерот од 3,2 милиони евра се реализира за овие неисправни машини да стојат? Очигледно дефектот е од суштинско значење, немањето на погон-мотор, а ангажираните работни саати се ни повеќе ни помалку и по 16 часа дневно.

За ова да биде сосема јасно и разбирливо, раководството на АД ЕСМ и СДСМ мора да дадат одговор на следните прашања:

Зошто Раководството на АД ЕСМ и СДСМ ја поништија набавката за помошна механизација број 01-54/2016 објавена од ВМРО-ДПМНЕ и за четири години сé уште АД ЕСМ не набави нова сопствена механизација?

Дали одговорот се крие токму во ваквите постапки со преговарање без оглас со неколку компании блиски до СДСМ?

Само за време од 2017 до 2021 година раководството на АД ЕСМ поставено од СДСМ има склучено договори со неколкуте фирми блиски до СДСМ за ископ на јаглен и јаловина во вредност од 104.350.000 ЕВРА. И сосема јасно, сето ова го плаќаат граѓаните на Република Македонија од сопствен џеб.

Каде завршија овие огромни профити? Каде се институциите на државата да покренат соодветни постапки и да ги испитаат сите овие набавки?

ВМРО-ДПМНЕ како конструктивна опозиција во Македонија во интерес на спасување на енергетскиот сектор и во интерес на сите граѓани бара оставка од раководство на АД ЕСМ и покренување на одговорност за несовесно и криминално работење од страна на надлежните институции.

КОМИСИЈА ЗА ЕНЕРГЕТИКА НА ВМРО-ДПМНЕ

29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum