Сними спот со ПОЛУГОЛИ девојки и заработи милион: РОНАЛДИЊО НАПРАВИ ЖИВОТЕН ПРЕСВРТ за 4 месеци

2020 беше исклучително тешка за легендарниот бразилски фудбалер Роналдињо, барем делот додека не излезе од затвор! Откако заедно со родениот брат беше уапсен во Парагвај каде помина 32 дена, а потоа беше и во домашен притвор (вкупно 171 ден), Бразилецот едноставно „воскресна“ пред крајот на годината.


Имено, тамошниот „Ел Паис“ пишува дека Роналдињо за четири месеци на слобода заработил околу милион евра со одлично вложување во бизнис - со напомена дека заради истиот своевремено мораше да прогласи банкрот.


Тој неодамна доби статус на почесен граѓанин во Бело Хоризонте, па ја промовираше изградбата на новиот стадион на Атлетико Минеира. Потоа вложи и во музика, отвори свое студио и сними спот со познатиот рапер Џонго. Видеото за помалку од осум дена имаше милион прегледи, што не е изненадување со оглед на фактот дека изобилува со атрактивни полуголи девојки. Исто така, Роналдињо лансираше и сопствен бренд органски џин кој се вика R-ONE, а се користи и во споменатиот спот. Снимил и неколку реклами, а станал амбасадор на туризмот. Она, пак, што би требало да ја одбележи 2021 е филмот за животот на Роналдињо кој се очекува со нетрпение.


- Тешката фаза се ближи кон крајот, фала му на Бога. Немам зборови да ви се заблагодарам за грижата и поддршката која ја добивав во последните месеци, напишал Роналдињо со објавениот трејлер.



извор: vecer.mk


29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum