Словаците го изненадија светот и претставија летечки автомобил (ВИДЕО)

Приказната за летачките автомобили е стара неколку децении, а последниве години станува сѐ поактуелна.

За разлика од некои други производители, оваа компанија е скоро бескомпромисна во однос на перформансите, но и на самиот изглед. Така, за разлика од некои ривали, од кои многу дури и не полетаа, овој концепт на летечки автомобил изгледа одлично.

Толку е интересен, што изгледа како да излегол од филм за Џејмс Бонд, а не од некоја словачка производна хала.


Зад проектот стојат Стефан Клајн и неговиот бренд Klein Vision. Креацијата има јасно име AirCar, а во видеото може да видите како може да се вози по пат, но и да лета во воздухот. Не му е потребно многу време за трансформација, само околу три минути. Во текот на целата постапка возачот е цело време во кабината, додека трансформација ја прави електрониката. Крилата се извлекуваат, а задниот крај телескопски се поместува наназад за да се зголеми трупот на авионот.

Точно, невозможно е целосно да се скрие двојната намена, но ќе признаете дека овој прототип изгледа далеку похармонично од она што го имаме видено досега на оваа тема.

Air Car докажа дека е употреблив, но сега треба и да добие сертификат. Тоа, за жал, е долготраен процес што одзема многу време и малку компании можат да си го дозволат.

Клајн вели дека возилото е долго 6,2 и широко 1,8 метри, што значи дека може да се паркира во конвенционална гаража.

извор: kajgana.com

29060043_2016680208590936_36926234558838

© 2020 Аналитикум / Analitikum