Скопска фризерница ДОБИВАЛА НАД 270.000 ЕВРА ЕВРОПСКИ ПАРИ ЗА ЕДУКАЦИЈА

Скопско фризерско студио лоцирано во Аеродром, изминативе три години добивало грантови од над 270.000 евра преку програмата „Еразмус+“, која ја спроведува Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, чиј директор е Лидија Димова, објави А1.он


Според А1.он на фирмата „В.Е.З. Трејд“ со основна дејност „фризерски салони и салони за разубавување“, а регистрирана и со општа клаузула за бизнис, ѝ било овозможено да добие грантови за проекти од областа на едукацијата. Истовремено, во правилата на „Еразмус“ пишува дека правното лице мора да е активно во сферата на едукацијата, обуката, младите и спортот.


Во други земји, вакви грантови за едукација добиваат школи, универзитети, здруженија и државни институции, но не и фирми регистрирани со дејност „фризерски салони“. Сопственикот и управител на фризерницата, Зоран Златковски, кај вработени во Нациоаналната агенција е познат по тоа што држел обуки кои биле организирани од оваа институција.


„Секој јавен или приватен субјект активен во областа на образованието, обуката, младите или спортот може да аплицира за финансирање во рамките на програмата Еразмус+. Покрај тоа, групи на млади луѓе кои се активни во области поврзани со младите, но не мора и во контекст на младинска организација, можат да аплицираат за финансирање за мобилност на млади и младински работници, како и за стратешко партнерство во областа на младите“, пишува во критериумите за учество.


Критериуми објавени на веб-страницата од ЕУ за подобност на фирми кои можат да аплицираат за грантови од „Еразмус+“


Во 2018 година, на фризерницата првпат ѝ се одобруваат два проекти, за кои преку Националната агенција се исплаќаат 63.552 евра. Следната година, „В.Е.З. Трејд“ повторно аплицира и добива, овојпат, грант од 25.840 евра. Оваа година, името „В.Е.З Трејд“ не е впишано меѓу добитниците на грантови, но затоа, како грантист е впишан „Вредност на европското знаење“ кој добива 181.485 евра. Вакво правно лице не е регистрирано во Централниот регистар на Македонија. Но, овој назив се среќава во европскиот регистар на субјекти, одобрени да аплицираат за грантови. Иако има два различни називи, сепак станува збор за едно правно лице. Тоа е повторно фризерницата „В.Е.З. Трејд“, на која оваа година преку „Еразмус+“ ѝ биле одобрени рекордните 181.485 евра.


Повеќе на а1.он vecer.mk

29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum