СКАНДАЛ ВО ВИНИЦА: Висок функционер од СДСМ Виница вработен како Албанец

СКАНДАЛ ВО ВИНИЦА: Висок функционер од СДСМ Виница вработен како Албанец По подолг период на истражување на нашата редакција, откривме несекојдневен случај на вработување во подрачната единица на Агенцијата за храна и ветеринарство во Виница.

Имено, по оглас објавен под архивски број 101/2020, Агенцијата за храна и ветеринарство бара лице за вработување во својата подрачна единица во Виница. Во огласот се бара извршителот да биде Албанец, што може да се види од нивната објава на веб страницата на Агенцијата за администрација. Сепак, по изминувањето на роковите, со одлука на Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, за извршител на ова место е избран извесен Столе Јосифов. Според нашите информации се работи за поранешен висок функционер на општинската организација на СДСМ во Виница.

Од одлуката на Директорот на АХВ – Зоран Атанасов, од 10.11.2020 година, Јосифов се избира на истото место и според истиот оглас на кој се барало Албанец, што се гледа и од одлуката.


Со оглед на тоа што Јосифов е вработен на место каде се барало лице од албанска националност, а огласот не е поништен, очигледно е дека истиот ја сменил својата националност од Македонец во Албанец.


СДСМ треба да одговори дали ова е начинот на кој се „вдомуваат“ партиски кадри или пак ова е некој нов европски метод на вработување.

29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum