СКАНДАЛ: Директорот на Охридската болница се пресметал со момчето на цимерката на неговата љубовница

Вистинска насилна љубовна драма се одвивала синоќа во Охрид а централен лик бил ни помалку ни повеќе директорот на охридската болница Горан Балевски – дознава Лидер од извори во охридската полиција.

Балески вечерта бил повикан во станот на неговата љубовница, инаку негова колешка од одделот за урологија. Неговата љубовница се скарала со нејзината цимерка. Откако пристигнал во нејзиниот стан избила расправија помеѓу него и дечкото на цимерката на нејзината љубовница.

Набрзо, Охридскиот директор повикал двајца свои пријатели кои пристигнале на местото и се случила пресметка околу девојката по што интервенирала и полицијата. Инаку Горан Балевски е во брак и има две возрасни деца. Случајот е пријавен и во полиција, од каде го потврдуваат настанот.

– На 10-ти јануари 2021 година, во 23:15 часот, во СВР Охрид пријавено е дека е нарушен јавниот ред и мир на улицата „Сирма Војвода“ во Охрид. Пријавена е вербална расправија помеѓу лицата М.А. и Д.А. од една и И.К. и Г.Б. со други две, засега непознати лица, од друга страна, сите од Охрид. СВР Охрид презема мерки за расчистување на настанот – информираат од СВР Охрид.

За тоа какви лица ги водат здравствените институции, проценете сами.



извор: lider.com.mk

29060043_2016680208590936_36926234558838

© 2020 Аналитикум / Analitikum