Сител: Освен пошта, можно приватизирање на повеќе државни компании

Освен Македонски пошти, можно е приватизирање на повеќе државни компании. Ова денеска го најави премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарски прашања.

Се размислува за приватизација на ТЕЦ Неготино, Македонски железници – Транспорт, Еурокомпозит, но и други претпријатија.


-Јавно-приватното партнерство ќе биде една од преокупациите на Владата во делот на креирањето на економските политики во следниот период поради обидот да ги максимизираме сите ефекти за рестарт, односно за економски раст и развој кој верувам дека ќе биде пример во следните четири години, рече Заев.


Во однос на приватизацијата на Пошта, рече дека државите со кои се натпреварува Македонија имаат доминантно приватни пошта, а целта граѓаните да имаат поквалитетни поштенски услуги. 


Одлука за приватизација донесе Владата на вчерашната седница. 

Како што соопшти владината прес-служба, Владата го утврди новиот текст на Законот за изменување на Законот за поштенските услуги и ги задолжи вице-премиерот за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, министерот за економија и директорот на Национални пошти, да иницираат поодготовка на физибилити студија за можностите за отпочнување на постапка за преземање на компанијата со јавно приватно партнерство или со приватизација за да продолжи процесот на либерализација на поштенските услуги во земјата согласно регулативата на ЕУ.


Состојбата на Пошта се влоши по пропаѓањето на Еуростандард банка преку која се вршеа услугите од платен промет. 


Пошта се уште не може да ги обезбеди приходите од финансиските услуги и услугите од платниот промет за првите шест месеци од годинава. А, станува збор за 110 милиони денари или 19,4 отсто од вкупните приходи.


Освен тоа, Пошта тоне и во загуби. Само во првата половина од годинава компанијата има загуба од 52,5 милиони денари или нешто над 850.000 евра.

Даниел Василев sitel.com.mk

29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum