Сите млади да добијат по едно опожарено возило, доколку не се согласуваат со политиките на СДСМ!

Замислете дека сте 30 годишен човек, кој купил кола од 4, 5, 6 илјади евра, ја плаќате на кредит, плаќате камата, а по некое време доаѓа некој Тушникот, на кому му дале “зелено светло” и ви ја пали колата бидејќи вие сте против СДСМ или против ВМРО ?!


Слушајќи го нивото на кое разговара Тушникот, се добива впечаток за човек од кого може да се очекува да потпали автомобил. Но, знаејќи дека Стојче е сопственик на неколку бизниси и е милионер, ми прави мачнини во стомакот кога слушам дека профил како милионерот Стојче се согласува со тоа дека требало на некое младо момче да му се запали колата за која можеби сеуште не му е доплатен кредитот.


Зошто бре вие бездушници, ништоверци, нехристијани, на толку пари и бизниси, на толку голем хедонизам кој го водите секојдневно имате потреба да палите коли на млади лица кои, ете, по игра на случајност, не се согласувале со политиките на власта, без разлика за која партија да се работи ?!


Како вие млади од СДММ доживувате екстаза поради тоа што се заговара палење на кола не ваш врсник, кој по игра на случајноста, е ваш неистомисленик ? Зарем не мислите дека утре или другиден, можеби истиот тој Тушникот, кој по една година од денес, можеби ќе работи против вас, затоа што каде што се парите таму е и мајсторот, зарем не мислите дека можеби и вашето тешко сработено возило да биде опожарено ?


И после се на крајот сакам од целава оваа збрка да извлечам една порака. Пораката која СДСМ ја праќа до сите млади лица во Македонија е следната: Ќе дадеме зелено светло за сите млади да добијат по едно опожарено возило, доколку не се согласуваат со политиките на СДСМ.


А токму затоа, младите на 15ти Јули ќе ве испратат во неповрат

83425208_113292373554260_678017133495032
29060043_2016680208590936_36926234558838

© 2020 Аналитикум / Analitikum