Сиљановска: Ќе донесеме 4 милијарди инвестиции и повисоки плати за 25%

Носителката од ВМРО-ДПМНЕ во Изборната единица 1 Гордана Силјановска Давкова денеска беше во посета на Сопиште од каде што истакна дека има шанса да се обнови тоа што остана, но за тоа е потребна промена на власт.

Кога ВМРО-ДПМНЕ ќе ја преземе власта ќе работи на обнова на Македонија, за младите да останат во државата и за таа цел ќе се донесат најмалку четири милијарди странски и домашни инвестиции, ќе се покачат платите за 25 проценти, пензиите за 20 проценти, а за младите до 29 години при нивно вработување бизнисот ќе биде ослободен од давачки, истакна Силјановска Давкова.

Силјановска потенцираше дека со СДСМ во Македонија нема парламентарна демократија, нема независно судство, нема право и правда и нема функционална држава бидејќи без ефикасни политики не може да функционира државата.

Државата ја направија руина, а држава без стабилна и институции не е држава, држава во која доверба во судството имаат одвај три проценти граѓани не е држава, држава во која врвот на јавното обвинителство односно СЈО е е синоним за корупција е држава е пред пропаѓање и како таква во извештаите ја водат како хибриден режим, рече Силјановска.

Друг народ, порача Силјановска Давкова, не се наоѓа, ама власт друга може да се најде и 15 јули ќе биде македонскиот светол ден.


lider.com.mk

83425208_113292373554260_678017133495032
29060043_2016680208590936_36926234558838

© 2020 Аналитикум / Analitikum