Шведски епидемиолог: Луѓето кои сега се во карантин, ќе се разболат кога забраните ќе бидат укинати

Ниту во Шведска животот не функционира сосема нормално, но тоа не е работа на наредба. Им објаснивме на луѓето за каква болест станува збор, како да се заштитат и тие го почитуваат тоа. Луѓето во Шведска не се глупави, ако им кажете што е добро за нив и ако им го објасните тоа, тие ќе ве послушаат“, изјави Гиесецке.


Епидемиологот вели дека благодарение на тој пристап, во Шведска до оваа есен голем дел од жителите ќе стекнат имунитет и нема да има голем раст на новозаболени: „Очекуваме вирусот да биде присутен во текот на летото, но на есен нема да имаме друг бран затоа што до септември ќе имаме колективен имунитет“.


Луѓето умираат и во другите земји, а голем проблем е тоа што ниту една земја не се подготви добро за да ги заштити постарите луѓе, па заразата продре и во домовите за стари лица“, изјави Гиесецке и додаде дека при евентуален втор бран, не би требало да биде прогласен карантин.


„Погрижете се за старите и болните, а младите не треба да ги заштитувате, туку да ги оставите да ја шират болеста. Сите ќе ја добијат реалната стапка на смртност кога ќе започнат со отворање. Луѓето кои не починале сега, ќе починат кога ќе ги пуштите од карантин“, изјави Гиесецке кој предвидува дека епидемијата ќе биде готова до Божиќ.


83425208_113292373554260_678017133495032
29060043_2016680208590936_36926234558838

© 2020 Аналитикум / Analitikum