Шест лица заболени од коронавирус во Премиер Лигата

По најавата за рестартирање на фудбалската лига во Англија, се направи масовно тестирање на сите фудбалери како и останат персонал на клубовите.


Од 748 лица тестирани во последните два дена, 6 лица од три различни клубови се заболени од коронавирус.


Сеуште нема потврда од медиумите кој се тие 6 заболени лица. Премиер Лигата се очекува да започне со натпревари на 12 Јуни и целиот процес да трае до 27 Јули. Навивачите ќе бидат надвор од трибините.


29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum