Северномакедонците од ФФМ според УЕФА



Еве како изгледа раководството на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) на интернет страницата на УЕФА. Убедувањето на македонските власти за бетонираниот македонски идентитет во УЕФА не поминало. Не знаеме дали македонското Министерство за надворешни работи го исполнува своето ветување за реакција на секоја официјална употреба на придавката „северномакедонски“ или „северномакедонец“, но на интернет страницата на УЕФА и претседателот и секретарот на ФФМ се „северномакедонци“. А и покрај тоа што кратенката на федерацијата е ФФМ во УЕФА таа се вика Фудбалска федерација на Северна Македонија. Засега молк и од ФФМ и од МНР.


извор: vesti.mk

29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum