СЕЛА: Тоа што не се кажува е дека Бугарија и натаму има територијални претензии кон Македонија

Бугарија се уште има територијални претензии кон Македонија, изјави лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села за ТВ 21.

– Темата што ја отвори Бугарија во последно време, со неприфаќање на македонскиот идентитет и јазик, од моја гледна точка, тоа што не се кажува во овој случај, е дека Бугарија и натаму има територијални претензии кон Македонија, вели Села.

Села додава дека спорот во основа го содржи прашањето за неколку историски личности, но смета дека проблемот е поголем од тоа, а албанскиот политички фактор додава дека воопшто не учествува на теми од ваква важност.

Села изрази загриженост и за училишните текстови кои ги учат младите Македонци за Албанците, како дојден народ, и обратно, „лагите кои ги изучуваат учениците Албанци“.

– Ние и натаму живееме овде во Македонија како привремен народ со историја што ја изучуваат децата Албанци и која нема врска со нашите преродбеници туку има врска повеќе со лажната историја која им се наметнува ним, додава Села.


извор: denesen.mk

29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum