Секое кратење на работното време значи отпуштање на вработените, предупредуваат угостителите

Од денеска започнуваат да се применуваат новите рестриктивни мерки на Владата кои, меѓу другото, го ограничуваат работното време на угостителите до 18 часот. Од Независната Угостителска комора со дел од здруженијата на угостители очекува до денеска да добие покана од Владата за итна средба на која би се разговарало за новите рестриктивни мерки и за добивање директна финансиска помош за овој сектор. Имено, Претседателот на НУК Здравко Јосифовски за Сител вчера рече дека доколку до утре Владата не прифати да се сретне со угостителите, НУК ќе поднесе претставка до Уставниот суд за да се преиспита законитоста на одлуката за работење до 18 часот. Тој посочи и дека се надева ќе има можност да и објаснат на Владата за тоа колку има голема потреба од сет на мерки за помош на угостителството.

Пред два дена со своја реакција излегоа и од Туристичко – угостителската комора при Сојузот на стопански комори од каде истанаа дека новите рестриктивни мерки се селективни и непрецизни.

Од НУК нагласија дека 6,500 угостители и 35,000 работници се директно погодени од рестриктивните мерки.

Роберт Митровски од Синдикатот за угостителство и туризам за порталот Работник вели дека имаме ситуација кога работниците прифаќаат да работат и за помала плата само да го сочуваат работното место кое со ова кратење на работното време им виси на конец. Тој посочи дека секое кратење на работното време значи отпуштање на работници кои од март годинава мислат како ќе го поминат денот.

„Уште еднаш апелирам за обединување на сите засегнати страни да бидеме сплотени во овие тешки моменти и да не дозволиме угостителство да биде посочено како единствен проблем за ширење на вирусот, па здравје напролет кога се ова ќе заврши, обединети во голем број никогаш повеќе да е дозволиме ова да се случи“, порача Митровски.


извор: lider.com.mk





29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum