Шеќеринска oбјавила воена мапа од Третиот пешадиски батаљон што е кривично дело

Министерката за одбрана направи кривично дело казниво со затвор и изврши класичен упад во воениот систем на Република Македонија со објавувањето на Интернет мапа за зоната на одговорност на Третиот пешадиски батаљон, мапата открива дел од позициите на тој батаљон, вели Драган Ковачки, кандидат за пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ за претстојните парламентарни избори.


„Оваа мапа која е прикажана на Фејсбук страницата на министерката на одбрана, како војник кога ќе погледнете ќе увидите дека има определени правци коишто се претставени таму. Ова се класифицирани работи и односот кон нив мора да биде на највисоко ниво, изработувачот на актот го има изработено ова како степен на доверливост, појаснил поранешниот командант на 1 пешадиска бригада Драган Ковачки.

извор: mkdpress.site

29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum