Шеќеринска купила вафли за 3,5 милиони денари

На страната на јавни набавки објавен е оглас од Министерството за одбрана каде министерката Радмила Шеќеринска планира да набави колачи во износ од околу 3,5 милиони денари.

И додека владата на чело со Зоран Заев се задолжуваше заради кризата предизвикана од КОВИД – 19 за спас на и онака кревката економија и после сите изјави и информации дека буџетот е празен Шеќеринска и Министерството за одбрана набавуваат вафли.


Огласот е објавен на 26.08.2020 година додека предмет на договорот е „Индустриски колачи, кекси и вафли разни“ додека во делот на проценета вредност стои сумата без ДДВ во висина од 3.437.400,00


Инаку, владата на СДСМ ветуваше домаќинско однесување со парите на граѓаните и наменско и рационално трошење со оглед на фактот дека Македонија е една од земјите со кревка економија на која корона кризта кризата има огромен негативен импакт и е земја која направи огромни задолжување.


извор: lider.com.mk

83425208_113292373554260_678017133495032
29060043_2016680208590936_36926234558838

© 2020 Аналитикум / Analitikum