Сејдини: Наумче Мојсовски ќе одговара, клубови заплашувани со премиерот, известени се УЕФА и ФИФА

Фудбалската федерација на Македонија одговори на соопштението на Агенцијата за млади и спорт дека не работи според Законот за спорт. Претедателот Муамед Сејдини истакна дека клубовите се уценувани со користењето на ваучерите и од нив е побарано да го бојкотираат Генералното Изборно собрание на ФФМ, кое треба да биде одржано оваа година.


„Најмалку што сакаме во едно вакво време кога славиме пласман на Европско првенство е да се занимаваме со вакви работи. Но, откако Агенцијата за млади и спорт вчера објави соопштение на својот сајт, должни сме да одговориме. Со хартии и со документи да им докажеме и покажеме колку не знаат. Во текот на вчерашниот ден до мене дојдоа шпекулации дека претседатели на клубови се повикувани да потпишат некаков бојкот на Генералното собрание на ФФМ, а уценувани со употреба на ваучерите. Дури одат дотаму што се користело и името на премиерот на државата.


Вистина е дека одлуката на Второстепената комисија е конечна и без право на жалба, но има право на тужба. ФФМ упати нова тужба. За ова, драг Наумче Мојсовски, директор на Агхенцијата за млади и спорт, треба да се знае дека се одговара. За ова се известени УЕФА и ФИФА, уште од моментот кога уследија инспекциите во федерацијата. Должен сум да кажам дека ова може да направи квантен скок, но наназад за македонскиот фудбал. Ве уверувам дека Фудбалската федерација на Македонија ќе продолжи да работи во интерес на унапредување на фудбалот во државата“, изјави Муамед Сејдини, претседателот на Фудбалската федерација на Македонија.


Тој напомена дека ФФМ работи според статутот кој е усогласен според УЕФА и ФИФА.


„ФФМ побара усогласување на правните акти со Ахенцијата за млади и спорт, ние рековме дека сме на располагање, но ФИФА кажа „стоп“ се додека не заврши Изборното собрание“, истакна Муамед Сејдини на денешната прес конференција.



извор: makfudbal.mk

29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum