Се топат приходите од даноци во државниот буџет (ВИДЕО)


Се топат приходите во буџетот. Секој месец се собираат се помалку пари од даноци. Во јануари во буџетот се влеале 148 милиони евра, во мај 106 милиони евра или дури 42 милиони евра помалку. Корона кризата и затворањето на економија удри по сите ставки од кои се полни народната каса. По основ на персонален данок во јануари биле собрани 22,8  милиони евра, во мај кој има ист број денови приходот по овој основ е намален за 2,8 милиони евра. Забележителен пад има и кај ДДВ од над 31 милион евра што е сериозен знак дека опаѓа потрошувачката моќ.

Од Министертсвто за финансии велат дека во мај споредено со мај лани приходите се намалиле за 25%, а кумулативно од почетокот на годината тие се пониски 8,9% спореднео со првите пет месеци од лани.  Но, состојбата се подобрува, велат од МФ.

„Со реотварањето на економијата во јуни, се забележува позитивни придвижувања во однос на наплата на буџетските приходи. Заклучно вториот даночен ден во месецот - 25 јуни, се забележуваат резултати и подобри од очекуваното и проектираното. Кај некои давачки, како кај данокот на личен доход и на придонесите има дури и подобра наплата во однос на лани“, соопшти министерството.

Од парите за капитални проекти пак за пет месеци реализирани се само 18,34%. Меѓу институциите кои најмалку реализирале проекти се Центарот за управување со кризи со реализација од 1.24%, а 0 реализација има инспектиратот за живтоната средна, просветниот инспекорат,  агенција за поттикнување на развојот во земјодлеството.


извор: sitel.com.mk

83425208_113292373554260_678017133495032
29060043_2016680208590936_36926234558838

© 2020 Аналитикум / Analitikum