Се подготвува ли сценарио за комплетно исклучување на РЕК Битола од електроенергетскиот систем!?



Дали неспособната власт на СДСМ подготвува страшно сценарио за комплетно исклучување на РЕК Битола од мрежата на електроенергетскиот систем?! Како за само неполни 4 години “шампионскиот тим” во областа на енергетиката од Државните Електрани на Македонија (АД ЕСМ) успеа да направи загубар? Дали се подготвува исклучување на трите блока во РЕК Битола поради немање на јаглен? Додека работниците изложени на ниски температури се борат за секој килограм јаглен, раководството без срам објавува слики во службените простории со алкохол, цигари и коцкање во работно време. Насмеани, без грам грижа на совест, полека, но сигурно го носат најголемиот енергетски комбинат кон затворање. Пред два дена се исклучи Блок 2, во меѓувреме се подготвува ли тајно, исклучување на и онака преполовениот, последен Блок 3, кој работи надвор од сите технички норми, со зголемени вибрации по ” успешниот” ремонт, стои во Фејсбук статусот на Комисиите на ВМРО-ДПМНЕ.

– Рудниците се оставени на милост и немилост, без сервисирање со искршени машини кои на минусни температури одвај работат само поради посветеноста на долгогодишниот работен кадар, кој казнет, понижен, полека ја губи волјата, гледајќи како “големите партиски војници” се поставуваат на раководни функции без ден работен стаж и искуство на работни места на кои ни самите не сонувале дека ќе бидат поставени, само затоа што аплаудираат на оваа расипничка политика на раководството, пишува во Фејсбук статусот.

– Оштетен клучен багер КУ 300, искинати и во лоша состојба тракасти транспортери, поплавен претоварен уред 5500 неколку пати комплетно надвор од функција, поплавени багер 630/2 и претоварен уред 1200/2, делумно надвор од функција, дробилица за јаглен која не е ремонтирана од доаѓањето на ова раководство. Со еден збор комплетен распад на системот. Загрижени за натамошната иднина и згрозени од нестручноста, безобразието илошото раководење и безидејност,а бараме веднаш оставка од комоплетниот “шампионски“ тим . Не само што не дозволивте реконструкција на филтрите во РЕК Битола ,не само што не го решивте лроблемот со одлагањето на пепелта, не само што го запревте комоплетниот готов проект за Топлификација на Битола, туку и уништивте еден гигант кој години после Вас не ќе може да се донесе во погонска спремност.

Доста е ! Оставка! За државата се работи, а таа поважна од сé!, посочуваат Комисиите на ВМРО-ДПМНЕ.




29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum