Се отвараат казината и автомат-клубовите

На синоќешната владина седница донесен е и Протоколот за отворање и работа на приредувачите на игри на среќа во автомат клуб  и Протоколот за отворање и работа на приредувачите на игри на среќа во казино.

Владата го донесе и Протоколот за постапување на средните училишта за време на полагањето на квалификацискиот испит во учебната 2020/2021 година.

На оваа 71-ва седница на Владата се донесени изменување и дополнување на Уредбата со законска сила за примена на Законот за акцизите за време на вонредна состојба со кои се изедначи акцизата на маслото за греење со акцизата на маслото кое се користи како погонско гориво и на тој начин да се оневозможи злоупотребата на користењето на гасното масло за греење спротивно на неговата намена. Притоа, истото ќе овозможи и сузбивање на сивата економија, заштита на животната средина, заштита на потрошувачите и пазарот од нелојална конкуренција и ќе се отстранат причините кои го оштетуваа Буџетот на Државата, граѓаните како и компаниите кои работат со нафтени деривати.

Измените и дополнувањата на Уредбата со законска сила за прашања поврзани со изборите за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија на 15 јули 2020 година ги утврдува и правилата за распределбата на рекламниот простор на интернет порталите и во печатените медиуми наменет за платено политичко рекламирање, како и начинот и правилата за распределбата на финансиските средства за платено политичко рекламирање обезбедени од Буџетот на Република Северна Македонија согласно член 76-д од Изборниот законик. Со донесување на Уредбата со законска сила за изменување на Уредбата со законска сила за примена на Законот за данокот на личен доход за време на вонредна состојба, што беше донесена на оваа седница, се продолжи мерката за поддршка на компаниите кои претрпеле штети во своето работење поради ширење на коронавирусот КОВИД-19 со ослободување од плаќање на износот на аконтациите на данокот на личен доход и за месеците јуни и јули 2020 година. На оваа седница се донесени измени на Уредбата со законска сила за примена на Законот за данокот на добивка за време на вонредна состојба, со што се продолжи мерката за ослободување од плаќање на износот на аконтациите на данокот на добивка и за месеците јуни и јули 2020 година, како мерка за ублажување на последиците на компаниите кои претрпеле штети во своето работење поради ширење на коронавирусот КОВИД-19.

извор: tera.mk

29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum