СДСМ: Негрижата на опозицијата предизвика хаос во нашиот здравствен систем

Владејачкиот СДСМ денеска има ново „откритие“ за хаосот во нашиот здравствен систем, за необезбедените вакцини, за доцнењето со вакцинацијата итн. За тоа, според СДСМ, повторно е „виновна опозицијата“.

Го пренесуваме сооопштението во целост:

Негрижата и коруптивното владеење на ВМРО-ДПМНЕ предизвика хаос во здравствениот систем и принуди реномирани странски фармацевтски компании да се повлечат од државата.

Во периодот меѓу 2012 и 2015, во годините на најголем режим на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, компании како АстраЗенека, Глаксо и дел од Новартис се повлекоа од нашата држава, заради паралелниот увоз на лекови и вакцините со сомнително потекло. Таквиот однос трајно го наруши угледот на државата и здравствениот систем, нешто што СДСМ и институциите што ги предводи, со сите сили се обидуваат да го поправат, да ја вратат довербата во македонското здравство.

Со усвојување на измените и дополнувањата на Законот за лекови и медицински средства во Собранието се создадени услови вакцината против коронавирусот да пристигне во државата и да започне имунизацијата на населението.

Ова немаше да биде потребно ако ВМРО-ДПМНЕ, наместо за да се занимава со корупција и криминал, се грижеше за интересите на граѓаните и на државата. СДСМ, како одговорна партија останува посветена на ставање крај на пандемијата и надминување на сите економски и здравствени последици од неа.

СДСМ – Центар за комуникации со јавноста



извор: denesen.mk

29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum