СДСМ: Марихуаната во 2021 година ни е еден од новите економски потенцијали во земјава

Оваа 2021-ва е година на можности, на нови економски потенцијали, а еден од нив е и канабисот како една од најдинамичните индустрии во светот, соопшти денеска СДСМ.


Го пренесуваме целото сооопштение од владејачката партија:


И покрај тешката 2020 година поради последиците предизвикани од коронавирусот, во 2021 година сепак како држава успеавме да влеземе со целосно стабилна финансиска состојба, ликвидна и солвентна.


Владата предводена од СДСМ навремено презема економски и здравствени мерки поради што успешно се справивме со предизвиците.


Со 4 економски пакети вредни над 1.1 милијарда евра им помогнавме на граѓаните, на работниците, на македонските фирми, на нашето стопанството.

Преку вистински и навремени економски политики помогнавме над 400.000 граѓани, спасивме над 100.00 работни места.


Престојниот процес на имунизација и конечна победа над вирусот, во земјава но и во светот се охрабрувачки процеси за нов економски напредок, за нови можности.


Со владината стратешка рамка “Акција 21”, европските стандарди ги носиме дома и преку нови мерки, економски политики за целосно искористување на сите економски потенцијали.


Земјоделството има голем потенцијал за државата и ако го ставиме во функција и земјоделското земјиште ќе се отворат нови можности за инвестирање, за нови работи места, домашна продукција, извозот. Со ова се очекува прилив од 200-300 милиони евра.

Во кординација со ЕУ се разгледуваат можностите за одредени погодности за ставање во функција на парите во кеш коишто сега се надвор од системот.


Со соодветни законски измени за да се спречат било какви манипулации, ресурсите од овој т.н. „мртов капитал„ се ставаат во функција на развојот на државата.

2021 година е година на можности, на нови економски потенцијали.

Еден од нив е и канабисот како една од најдинамичните индустрии во светот.

Според проценките, годишниот прилив на средства од оваа дејност е предвиден на околу 250 милиони евра.


Економијата, подобриот животен стандард се во нашиот главен фокус во годината во којашто веќе зачекоривме.


Центар за односи со јавноста на СДСМ



извор: denesen.mk

29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum