СДСМ ќе го менува името: „Социјалдемократи од Северна Македонија“ е една од идеите, вели Заев

Премиерот Зоран Заев денеска пред медиумите рече дека владеачката партија во иднина планира да го промени името од „Социјалдемократски сојуз на Македонија“ во „Социјалдемократи на Северна Македонија“. Скратеното име би останало и натаму СДСМ.

-Тоа може да биде на следниот конгрес, ние тоа не можеме на извршен или на централен одбор, кој ретко се свикува. До сега имавме само еден конгрес и тој беше онлајн и незнаевме до каде ќе биде ефикасен. Во периодот пред нас ќе постапиме согласно Преспанскиот договор. Има иницијатива за име „СДСМ – Социјалдемократи од Северна Македонија, но има и други идеи, рече Заев.

Претседателот на СДСМ ова го одговори во контекст на тоа дека политичките партии се финансираат од државниот буџет и дека согласно тоа, треба да го променат името.



извор: lider.com.mk

29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum