Шаќири: Платите на административците се зголемени само во министерството на Груби


Јавноста стекна мислење дека платите им се зголемени на сите административци во јавниот сектор кои во меѓувреме се здобиле со високо образование, бидејќи Груби не најави за кого се однесува таа одлука.


-Тоа е за поздравување, но засега тоа е само во неговото министерство. И другите министерства може да го направат тоа, но прво во структурната организација треба да планираат место со новите квалификации како што постапи министерството за политички систем, рече Шаќири, одговарајќи на новинарско-прашање.

Во објавата на Груби тој не прецизира за колку луѓе станува збор. Вработувањето во јавната администрација долго време е престиж меѓу многу партиски приврзаници, а работата во државни институции беше полн погодок за многумина кои успеваа да влезат на конкурсите.


„Денес ги потпишав решенијата на сите административци кои првично беа вработени со средно образование, додека во меѓувреме завршија високо образование при што значително се зголемија нивните плати“ напиша Груби.

извор: lider.com.mk

29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum