Руски научник кој работел на вакцина против коронавирус пронајден мртов - ВИДЕО

научник Александар Саша Кагански (45) кој работел на вакцината против коронавирусот бил пронајден мртов со убодна рана откако паднал од прозорецот на една зграда во Санкт Петербург, пренесуваат руските медиуми.


Кагански бил во долна облека кога паднал од прозорецот на неговиот стан на 14-ти кат, пренесува „Московски комсомолец“.


Научникот имал убодна рана по телото, соопшти полицијата, која верува дека избила тепачка пред Кагански да падне од зградата.

Неговото тело го пронашол сосед на улица, додаваат руските медиуми.

Кагански е најпознат по својата работа за истражување на ракот, беше асистент професор во Владивосток и работеше во Шкотска 13 години, додаваат медиумите.


Неодамна работел како директор на Центарот за геномска и регенеративна медицина на Рускиот далекуисточен федерален универзитет.

Се додава дека Кагански работел и на развој на вакцина против коронавирусот.


извор: vocentar.com

29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum