РОНАЛДИЊА ЌЕ ИГРА ЗА ЉУБОТЕН КАКО ПРВА БРАЗИЛКА ВО МАКЕДОНСКИОТ ЖЕНСКИ ФУДБАЛ



Роналдиња го носи прекарот по славниот бразилски фудбалер (Фото: СДК.МК)

Женскиот фудбалски клуб Љуботен од Тетово најави ново засилување за својата екипа – 22-годишната Бразилка Ана Бетриз Тарантино Гилермо Салино, која го носи прекарот Роналдиња, по славниот бразилски фудбалер. „Чест и задоволство ни е да ви ја претставиме првата бразилска фудбалерка во Првата македонска лига, Ана Беатриз Тарантино, со уметничко име Роналдиња. Таа е поранешен член на Васко да Гама од Бразил и Вондерланд од Австрија. Роналдиња ќе претставува капитално засилување во остварувањето на нашата цел, а тоа е создавање екипа за европски достигнувања“, соопштуваат од ЖФК Љуботен. Минатата недела во Љуботен дојде Небојша Бреѓа од Србија, кој е назначен за нов спортски директор. Тој најави дека во клубот ќе се донесат звучни имаиња, со кои ќе се засили екипата. Неделава, покрај Роналдиња, на клубот му пристапи и Сања Митреска-Сани, која по шест месеци се враќа во Љуботен од АС Јунајтед Струга. З. АНДОНОВ



извор: sdk.mk

29060043_2016680208590936_36926234558838

© 2020 Аналитикум / Analitikum