Роберт Орданоски се разведува: Фотошоп барбиката се оладила бидејќи не сум веќе директор



Роберт Орданоски синоќа преку Фејсбук обзнани дека се разведува од неговата долгогодишна сопруга Агнеса при тоа нарекувајќи ја „фотошоп барбика“ која „се оладила“ од љубовта кон него.

Поранешниот директор на Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) Роберт Орданоски синоќа преку Фејсбук обзнани дека се разведува од неговата долгогодишна сопруга Агнеса при тоа нарекувајќи ја „фотошоп барбика“ која „се оладила“ од љубовта кон него. Орданоски објави видео од прославата на неговата ќерка која наполни 17 години. Според податоците на неговиот профил на Фејсбук тој сега работи во МЕПСО, а претходно бил извршен директор за инженеринг во „Телеком“, директор на сектор за ИКТ и член на бордот на директори во „Мепсо“.

„Уште еднаш, среќен роденден на мојата прва љубов, штета што мајка ѝ, фотошоп барбиката Агнеса Орданоска не е тука, на 17-иот роденден на нејзината првородена ќерка, има поважна работа, подготвува документи за развод од нејзината поранешна љубов од која, по нејзини зборови, се оладила, најверојатно поради тоа што таа љубов не е повеќе директор и не е во можност да ѝ ги исполнува нејзините мегаломански желби и потреби, се надевам ќе си најде солвентен партнер кој ќе може тоа да го прави место мене.


Голема благодарност до персоналот на хотел ‘Молика’, секогаш ми било и повеќе од пријатно тука, момците навистина се трудат престојот да ни биде незаборавен. Големо благодарам за тоа, деновите тука се лек за проблемите дома. Тоа е тоа, одиме понатаму“, напиша Орданоски на Фејсбук.


извор: plusinfo.mk

29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum