Рниќ го засили Металург

Поранешниот репрезентативец на Србија Момир Рниќ (32) договори едногодишна соработка со Металург. Рниќ во кариерата има настапувано за Пролетер, Горење, Целје, Гепинген, Мелсунген и Рајн Некар Ловен.


Во дресот на Гепинген и Мелсунген, Рниќ две години едноподруго беше меѓу десетте најдобри стрелци во Бундеслигата, а со репрезентацијата на Србија има сребрен медал од ЕП 2012.


Рниќ во 2018 година се врати во Србија и настапуваше за Пролетер во кој неговиот татко, истоименик, Момир Рниќ, има висoка функција во управата на клубот.


Момир Рниќ е дел од амбициозниот план на раководството на Металург, според кој ростерот ќе биде засилен со уште неколку нови и квалитетни ракометари.

извор: vesti.mk

83425208_113292373554260_678017133495032
29060043_2016680208590936_36926234558838

© 2020 Аналитикум / Analitikum