Републиканските сенатори на 6-ти јануари ќе се спротивстават на резултатите од изборите
Американскиот сенатор од Тексас, Тед Круз, заедно со 10 други републикански сенатори објавија дека на 6-ти јануари ќе се побунат против формалниот процес на сертифицирање на резултатите од изборите.
– На било кој начин, обвинувањата за измама и нерегуларности во претседателските избори од 2020-та година ги надминуваат сите други во нашите животи, изјавија денеска Тед Круз и неговите колеги, сенатори од републиканската партија.
Тие побараа свикување на итна изборна комисија која би била назначена да изврши 10-дневна ревизија на резултатите во државите кои биле спорни.
Круз, кој е сенатор од Тексас, е поддржан од сенаторите Рон Џонсон од Висконсин, Џејмс Ланкфорд од Оклахома, Стив Дејнс од Монтана, Џон Кенеди од Луизијана, Марша Блекбурн од Тенеси и Мајк Браун од Индијана, како и уште неколку други претставници избрани за сенатот во наредниот мандат.

извор: lider.com.mk