РЕК Битола "КАПУТ" помалку од 20.000 Т јаглен потрошувачката на мазут 20 gr/kwh - Ковачевски се крие


СПИРО МАВРОВСКИ вработен во РЕК Битола

Почитуван Г-дин Васко Ковачевски, Еве поминаа 12 дена од моето директно обраќање до Вас како до генерален директор на АД ЕСМ во кое побарав одговори на повеќе поставени прашања но за жал одговор сеуште и по 12 дена не добив.

Но види чудо, Вие директно се обративте на собирот во врска со „Визија за енергетска трансформација до 2040 година“ и тука дадовте повеќе одговори, а некои не беа побарани од Вас. Конечно добив потврда дека Вие за РЕК Битола немате никакво чувство а уште помалку и некои познавања, или да е скраја решенија за понатамошната работа и излез од оваа крајно тешка ситуација.

Но да почнеме со ред. До денес состојбата во РЕК Битола останува непроменета :

1. РЕК Битола работи со половина блок 120 Mw (се извинувам за претходната дезинформација до македонската јавност, дека работи со еден блок)

2. На депонија сега има некаде помалку од 20.000 Т јаглен, што во нормални услови, е за работа на еден ден 24 часа, на сите три блока, или во вакви услови за работа околу 3 дена.

3. Потрошувачката на мазут е енормно зголемена, околу 20 gr/kwh, паметам едни Ваши прес конференции каде говоревте за критична потрошувачка на мазут, но со ова нема споредба, за ова треба три пресс конференции.

4. Договорите за новата механизација ги нема на нишан, но средствата реално се трошат и повеќе од тоа што сте го предвиделе, повторно и по 4 години механизација нема.

5. Состојбата во рудници не треба да се коментира, катастрофална, се што е пропуштено да се направи во одреден период е тешко надокнадиво покасно, посебно во зимски услови за работа.

Да се вратам на изјавите на Г-дин Ковачевски дека сите три блока во зимскиот период ќе работат максимално, но еве Васко го нема да се јави и да го објасни сегашното работење, за среќа или за жал снегот сеуште го нема, но и јагленот го нема, а мазут се троши како во мазутара или и повеќе, работи само половина блок, на прашањето до кога? Одговор сеуште нема. До кога?

Г-дине Ковачевски генерален директор на АД ЕСМ, на основните прашања и Вашите ветувања врз основа на кои и дојдовте на власт, сеуште не гледам никакво поместување барем за малку во позитива.

1. Реконструкција на електростатскиот филтер 2. Десулфуризација 3. Набавка на сопствена механизација 4. Отворање на нови рудници

Овие беа основните постулати кои упорно ги повторувавте и затоа си земам за право и јас упорно да ги поставувам прашањата и да ги барам одговорите за Вашите ветувања дадени пред вработените и граѓаните на Битола што се Вие ќе направите за РЕК Битола и Битола. Ајде што од ова барем до денес 28.01.2021 година немате ништо направено, но и на ова ништо ненаправено Вие се надоградувате со Вашите ветувања кои преминуваат во научна фантастика. Да не е жално, ќе беше многу комично, што се Вие ветувате да нааправите сега и во овие наредни дваесет години. Прво да Ве потсетам Г-дине Ковачевски дека во енергетиката 20 години се како 2 години поминати во реалниот живот, додека се расфрлате со вакви Големи и неостварливи ветувања, во многу од нив и самите се демантирате но тоа е така кога се лаже и се нема континуитет во работите кои треба да ги направите. По Вашето вчерашно обраќање на собирот „Визија за енергетска трансформација до 2040 година“ Вие изнесовте еден куп невистини и неостварливи работи, поточно кажано изрековте безброј лаги, барем за оние кои барем малку разбираат од енергетика, што ова ќе биде мое последно пишување до Вас, имав чувство дека Вие лажете но за жал дојдов до основното сознание дека не знаете, што е полошо од тоа дека лажете.

Кои се Вашите визии за РЕК Битола, за АД ЕСМ и ако тоа е она што го изнесовте сега јавно Ве прашувам зад што од сето тоа Вие децидно стоите и ветувате дека барем дел од ова ќе остварите. Но да почнеме со ред, ова се важни стратешки определби за Битола и Република Македонија.

1. Блоковите во РЕК Битола ќе се затвораат по ред : Првиот блок 2025/26 год. - за жал тој блок веќе подолго време не работи и дали воопшто ќе проработи, затоа што не е направен никаков ремонт, така да постројката биде во некаква работна кондиција. Вториот блок се затвора 2030/31 год. а пак Третиот блок некаде околу 2039/40 год. и тоа е крај за РЕК Битола, крај за ПЕ Рудници, крај за огромен број на вработени, крај за градот Битола и стопанството во градот. Прашањето е ако сериозно се предвидува што ќе се случи со вработените, нововработените, дали тоа значи отпуштање од работе постепено, дали е направен таков акционен план и како ќе се намалува бројот на вработени во РЕК Битола. Се ова треба да им се прикаже и образложи на град Битола и на вработените во РЕК Битола и во АД ЕСМ. Затоа што ако овој гигант произведува 75-80%, за жал во моментот не е така поради неспособноста на актуелното раководство, на чело со генералниот директор Г-динот Ковачевски, што со тие вработени во АД ЕСМ Скопје, што се предвидува со нив. Кога утре АД ЕСМ ќе се сведе на фотоволтаици, ветерни електрани и довод на гас, претстои голема трансформација со вработените за која што денеска веќе треба да имате решение и да го презентирате, исто како што кажувате за затворањето на блоковите кога и како ќе ги затворате еден по еден.

2. Најавувате изградба и работа на гасна когенеративна електрана од цели 250 MW која ќе дава електрична и гасна енергија. Истата како што можам да Ве разберам би почнала со градежни и останати работи по затворањето на првиот блок, без најава кога таа гасна когенеративна електрана би почнала со работа. Како и кога ќе се направи гасовод до РЕК Битола, дали има почеток за носење на гас, правење на гасовод или се почнува и завршува со „ќе“. До пред некоја година бевте најголемиот критизер за гасна енергија да се носи од РЕК Битола до Битола, но види за колку кратко време колку голема трансформација кај Вас.

3. Изградба на фотонапонска електрана од 200 MW, не е проблем да ја изградите но покасно се јавуваат проблеми за експлоатација кои некој не ви ги кажал. Да сме живи и здрави и да го видиме и тоа чудо од 200 MW???

4. Вашата најава за отворање на рудник Живојно во 2022 година. ЧУДЕСИИ !!! Некогаш и за музичка желба треба да размислиш и почекаш на реализација, а Вие толку лефтерно го кажавте тоа за во 2022 година од рудник Живојно ќе се носи јаглен во РЕК Битола. Дали некој Ви кажал пред да го изјавите ова, дали и воопшто знаете дека во Македонија немаме ваков јамски коп од кои копаме јаглен. Испитувањата се правени и направени, еден дел од нив по инсистирање на нашите рударски и градежни инжинери и по нивно барање од изведувачот на проектот е побарано да се направи измена и да се овозможи дел од јаглените во овој рудник да се експлоатираат површински. Дали мислите на овој дел или ова не го знаевте, или пак сте серозни дека Вие со Вашето искуство со Вашето знаење и познавање на подземните ископувања ќе обезбедите за година и пол во РЕК Битола да имаме јаглен од рудник Живојно. Полека Г-дине Ковачевски, за таа година и пол дали можете да ги нарачате машините за ископ а не пак да се направат и донесат во Живојно, гледам за помошна механизација Ви треба повеќе од 4 години, а Вие ќе отворите подземен коп за 1,5 година, ашколсун, аферим Г-дине Ковачевски. Не знам што сте чекале до сега, или пак оваа конференција Ве мотивира до крајни граници да ги направите и остварите сите Ваши идеи и замисли во максимално кратки рокови во рударството.

5. Електростатскиот филтер да се реконструира, Вашето објаснување дека сте ја завршиле работата во 2019 год., но види богати, лошата комисија за Јавни Набавки, се надевам дека не е од претходната власт, за некои ситници ја стопира таа јавна набавка па така помина цела 2020 година, но сега Вие само што не сте почнале со работа и да го реконструирате филтерот. Четири години поминаа се надевам дека нема да имате уште толку време да го направите тоа.

6. За да ја добиете еколошката „А“ дозвола покрај предходното со филтерот, треба да се направи и десулфуризација. Дали знаете колку пари чини десулфуризацијата на еден блок, колку време треба да се прави, колку време треба да помине за реализација на оваа јавна набавка, колку средства се предвидени за реализација на оваа операција и кога би се почнало, затоа што читајќи ги објаснувањата кој блок кога ќе се затвора чинам дека нема никогаш ни да се направи.

Еве Г-дине Ковачевски се обидов на два три пати да Ви помогнам Вам, но многу повеќе на вработените во РЕК Битола и граѓаните на Република Македонија, да ги запознаам со евентуалните негативни ситуации кои можат да настанат од ваквото работење на ова раководство на АД ЕСМ. Се обидов Г-дине Ковачевски да Ви помогнам и Вас, колку тоа допре до Вас, колку го разбравте истото што се обидов да Ви го објаснам, барем се потрудив во името на вработените во РЕК Битола сите оние кои деноноќно се борат и за ова малку производство што го дава РЕК Битола. Вината очигледно не е кај нив.

Уште еднаш голем поздрав со рударското СРЕЌНО.

.



29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum