РЕК БИТОЛА ГО ВОДИ ПРИНУДЕН УПРАВНИК, ДАЛИ ЌЕ ПРЕСТАНЕ ПРОИЗВОДСТВОТО НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА


РЕК БИТОЛА ГО ВОДИ ПРИНУДЕН УПРАВНИК И ПРОИЗВЕДУВА „ПОЛИТИЧКА“ СТРУЈА, ДАЛИ Е МОЖНО ДА ПРЕСТАНЕ ПРИЗВОДСТВОТО НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА, ОСТАВКА НА КОВАЧЕВСКИ!

Почитувана македонска јавност РЕК Битола работи со минимален капацитет, што отвора прашање дали е можно да престане производството на струја среде зима, среде грејната сезона, што е резултат на неспособноста на раководството ЕЛЕМ и РЕК Битола. РЕК Битола, има принуден управник, в.д. управник, тутор на генералниот директор на РЕК Битола или што има ? Ова прашање се слуша последните неколку месеци низ Битола, откако во РЕК Битола производството на електрична енергија од ден на ден е со помало и понеизвесно дали ќе работи РЕК Битола, или поради немање на јаглен ќе се исклучат сите три блока. Човекот за кој се зборува дека е принуден управник, е Љубчо Кижевски, помошник директор за производство на АД ЕЛЕМ, кој сега е во функција на генерален директор на РЕК Битола. Кижевски често шета во РЕК Битола со придружба на физичко обезбедување , за на висок тон да сее страв меѓу вработените со закани за казнувања или бркања.

Вработените се сомневаат дека тој однос е последица на неговата нестручност зошто моменталниот проблем е немањето на јаглен, а принудниот е електро инжинер. Но, сега за битолчани остануваат неразјаснети многу прашања : - Зошто на генералниот директор на РЕК Битола, Златко Ќурчиевски, кој има над дваесет годишно искуство во комбинатот му е испратен „принуден стручњак” кој никогаш нема работено во РЕК Битола и е кадар на РЕК Осломеј кој не работи повеќе години, секогаш работел полошо од РЕК Битола и е пред затворање? - Дали Кижевски е испратен од генералниот директор на АД ЕЛЕМ, Васко Ковачевски да го контролира Ќурчиевски како директор на РЕК Битола, како претседател на Општинската Oрганизација на СДСM во Битола? - Дали со присуството на Љубчо Кижевски во РЕК Битола се подобри состојбата со производството или резултатот од неговата работа е повторно поплавен рудник, празна депонија и минимално производство на електрична енергија? ВМРО-ДПМНЕ- Битола како конструктивна опозиција му предлага на генералниот директор на АД ЕЛЕМ, Васко Ковачевски, поранешен пратеник на СДСM и поранешен претседател на Општинската организација на СДСM во Битола внатре партиските борби да ги решава во рамките на партијата, а не преку работењето на АД ЕЛЕМ и РЕК Битола каде жртви се стабилноста на енергетскиот систем на Државата, вработените и сите граѓани на Р.Македонија. Ова ќе го постигни само ако си поднеси оставка на сегашната функција од причина-неспособност и комплетно да си се посвети на својата политичка кариера која изгледа дека е на залезот, а со тоа на РЕК Битола ќе му обезбеди барем наизглед посветла иднина


29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum