Реакција на Марјан Стефановски - Чаки, лицето кое беше инволвирано во последната бомба

МАРИЈАН СТЕФАНОВСКИ ЧАКИ : ОСТАНУВАМ ВЕРЕН НА ВМРО И МАКЕДОНСКАТА КАУЗА!


Јас, Марјан Стефановски- ЧАКИ мојата младост ја посветив на македонската кауза и ВМРО која во минатото и денес е главната водилка на македонскиот народ во зачувување на македонскиот идентитет и Македонија како држава.


Во мојот живот не сум му згрешил никому ништо, но овие денови сфатив дека имало луѓе кои сакаат да ми наштетат, само затоа што се борам за македонската кауза и затоа што сум лојален борец на мојата матична партија ВМРО-ДПМНЕ. Да, сум и ќе бидам затоа што ВМРО-ДПМНЕ ја создаде Независна Македонија и се бори за македонските национални интереси. Можат да ме мразат, тоа е нивен проблем, но никогаш не можат да ме скршат, јас останувам верен на идеалите на ВМРО!


Мојата кауза е: Македонија на Македонците и Господ Бог и татковината Македонија!

Јас останувам доследен и верен на идеалите на ВМРО и секогаш ќе ги следам делата на Гоце Делчев, Борис Сарафов, Даме Груев, Тодор Александров, Христо Узунов,Владо Черноземски,Андон Ќосето и Методија Андонов Ченто-моите идоли.


Овие денови сфатив дека има луѓе кои ме мразат и сакаат да ми наштетат поради моите македонски идеали, но и дека има и луѓе кои ме почитуваат и кои вистински ме ценат.


ДА ЖИВЕЕ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА!

ДА ЖИВЕЕ ВМРО!


ДА ЖИВЕЕ ВМРО-ДПМНЕ! МАКЕДОНИЈА НА МАКЕДОНЦИТЕ!

ГОСПОД ДА ЈА БЛАГОСЛОВИ МАКЕДОНИЈА!!!

Со почит,

Марјан Стефановски-Чаки


29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum