(РЕАКЦИЈА) Филипче - дозволи да ти кажам, ама повеќе нема да дозволам да ми кажеш!!!

Само во здравството предводено од Венко можат доктори специјалисти да ти речат "ааа многу млада си за вака мака да имаш" и на поставената дијагноза и предлог за оперативен зафат дополнително да ти предложат да одиш во приватна клиника оти тие немале опрема за така специфична операција. Е сега има еден мал детал, докторот кој има опрема да го спроведи, моментално не е на работа заради ситуацијата. Па така во меѓувреме живеј си со болките оти освен да те потчукнат по рамо, друго не можат!


Прашањето ми е, за шо плаќам здравствено осигурување, ако на секое доаѓање во државната болница ми давате препорака да одам во приватна?


Епа Филипче дозволи да ти кажам, ама поќе неќам да дозволам да ми кажиш!!!


29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum