ПУКАЊЕ ВО КРЕМЉ: Телохранителот на Путин мртов!

Михаил Захаров (33), вработен во 5-от оддел на УЛО СОМ ФСО на Русија, одговорен за безбедноста на претседателот на Русија, Владимир Путин, денес изврши самоубиство.

Според медиумите, самоубиството се случило во работното време на Захаров.

Неговото тело беше пронајдено пред главната катедрала во Кремљ.


Се проценува дека причина за самоубиството може да биде „рамнодушниот став на раководството на ФСО кон работните услови на вработениот и бројната прекувремена работа”. Во една од последните смени, Захаров беше на работа повеќе од 15 часа.

Според колега на починатиот, во ФСО има недостиг на персонал – затоа тие се принудени да работат многу повеќе и без дополнителни бенефиции.


Забележано е дека сопругата, со која Захаров наскоро требаше да се разведе, не била известена за самоубиството.


извор: vocentar.com

29060043_2016680208590936_36926234558838

© 2020 Аналитикум / Analitikum