Протест на лекарите од „8 Септември“: Платите да се изедначат со оние на Клинички и да се вреднуваат

Докторите од „8 Септември“ излегоа на протест, затоа што не било исполнето она што им било ветено. Докторите изразуваат револт од неисполнетите ветувања за зголемување на нивните плати и вреднувањето на трудот.


Тие бараат „8 Септември“ да има статус на клиника, да добијат инфективен додаток за лекувањето на ковид-пациенти, како и да им се зголеми процентот на додатоците за дежурства на исто ниво како на нивните колеги вработени во клиничките болници.


-Излеговме на протест бидејќи ни беше ветено дека ќе ни се изедначи вредноста на нашиот труд со клиничкиот центар ‘Мајка Тереза’, но тоа се уште не е сторено. Ние како болница од март се бориме со ковид-19 и мислам дека нашата работа и нашиот труд не е вреднуван. Ни ветија дека дежурствата, платите ќе ни бидат изедначени како со Клиничкиот центар и дека ќе ни го исплатат инфективниот додаток, вели во изјава за „360 Степени“ д-р Петар Атанасовски.



извор: lider.com.mk

29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum