Продавачка Во Бутик Стана Советник За Евроинтеграции

Снимателот и монтажер Тони Николовски, сопруг на поранешната советничка на премиерот Зоран Заев, Ленче Николовска, стана посебен советник за односи со јавност на министерот за земјоделие и шумарство Арјанит Хоџа, објави ИРЛ.


Николовски работел како монтажер и снимател во Македонската национална телевизија, Канал 5 и во  А1 Телевизија. По затворањето на А1, Николовски бил задолжен за видео продукција во семејниот интернет портал Бриф.мк. Од 2015 до неодамна Николовски бил снимател и монтажер во државната турска новинска агенција Анадолу.


Телевизиската водителката Зорица Андреева е ангажирана како советник за евроинтеграции на министерката за труд и социјала Јагода Шахпаска. Андреева е поранешна сопственичка на бутик, а работела како водителка на емисии на ТВ Сонце, АБ Канал и на ТВ 24.


И Николовски и Андреева не се експерти во областа во која ќе треба да ги советуваат министрите Хоџа и Шахпаска.

Дел од министрите посебните советници ги ангажирале без оглас. Инаку, платите на советниците на министрите се движат од 36.000 денари до 52.000.


Извор mkpress.site shilomagazine.com.au

29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum