Приватизацијата продолжува, Бектеши најави продажба на Попова Шапка

Министерот за економија, Крешник Бектеши најави дека во текот на наредната година ќе се објави јавен повик за целосна приватизација или за јавно-приватно партнерство (ЈПП) за ски-центарот Попова Шапка.

„Уште пред кризата ние ја завршивме физибилити студијата и за Попова Шапка и за сите туристички објекти кои се во сопственост на ЕЛЕМ Турс. На Владата на Косово ѝ понудивме заеднички да настапуваме во однос на развојот на Попова Шапка и очекуваме да ни одговорат. Во спротивно, ние сме подготвени и во текот на наредната година ќе објавиме јавен повик за целосна приватизација на ски-центарот Попова Шапка или, пак, преку јавно-приватно партнерство“, рече Бектеши, одговарајќи на новиунарски прашања на денешната прес-конференција во Владата.

Тој додаде дека хотелските објекти на Попова Шапка кои се во сопственост на ЕЛЕМ Турс, согласно физибилити студијата, главно ќе бидат понудени за директна приватизација.

Во одговор на прашање дали некој ќе понесе одговорност за намалените водостои на реките во земјава, министерот за економија посочи дека веќе побарале анализа од ЕСМ.

„ЕСМ ја достави анализата до Влада и откако ќе ги разгледаме сите податоци и ќе се направи соодветна анализа од надлежните институции ќе ја информираме јавноста и ќе одредиме дополнителни задачи на ЕСМ“, рече Бектеши.

извор: lider.com.mk
29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum