Предлог и мислење за излез од кризата во Македонија



КОЛУМНИСТ - ПЕТКО БУРЛИЈОВСКИ 

Претседател на невладината организација ПРЕВЕНТ ПЛУС - Битола

Македонскиот народ и држава во моментот се наоѓаат во безизлезна состојба во однос на отпочнување преговори за влез на Македонија во ЕУ со блокадата од Бугарија која за „добрососедски “ односи постави мелагомански барања. Имено од Македонците бараат да се откажат од сопствениот идентитет, јазикот, односно македонците ги признаваат од 1944 год. наваму, не ја признаваат историјата, македонските великани и сл. Актуелната влада а особено премиерот наместо да се спротистават на таквата шовинистичка политика и мешањето на Бугарија во внатрешните работи на Македонија и да превземат други потребни активности, продолжуваат со тоа да ќе изнајделе механизми со кои ќе ги нормализирале одностите со Бугарија која ќе го повлечела ембаргото. Јас и многумина тоа го подразбираме како допродавање на македонските национални интереси во смисла откажување на македонското малцинство во Бугарија, откажување на македонската историја, култура, откажување од македонските великани, славење на „заедничка историја“ и сл, односно ќе потпише договор сличен на оној со Грција со кој Македонија и Македонскиот народ ги доведе во потчинета положба. Од тие причини предлагам да македонската опозиција подржана од патриотската интелегенција ( историчари, лингвисти, писатели , културни работници, правници, странски експети и др. ) изгради заеднички став и стратегија со која ќе превземе итно диполматска офанзива која би се состоела и би се спровела на следиот начин.


Да изготви писмен акт насловен Известување – Барање во кое ќе се објаснува како македонскиот народ бил вековно под турско ропство, востанијата, поделбата на етничка Македонија од 1913 год и колку Македонци останале и живеат во тие делови од Македонија како малцинства, геноцидот кој се вршел и врши таму, правата кои ги немаат, а му следуваат како малцинства согласно меѓународните конвенции. Потоа кратко да се објасни окупацијата од Бугарија врз Македонија од 1941– 1944 год, злосторствата врз Македонците и кражбите на македонските национални блага и присилната бугаризација врз Македонците. Треба да се објасни дека Бугарија со писмен договор од 1956 год. го признала македонскиот јазик и особеностите на македонскиот народ, а од 1967 год. македонскиот јазик е внесен од ОН во листата на светски јазици. Потоа треба да се објасни за сегашните барања од Бугарија спрема Македонија, а тоа е да наводно потекнуваме од ист народ, дека македонскиот народ е создаден 1944 год. како да паднал од небо, дека македонскиот јазик е дијалект на бугарскиот јазик (сите словенски јазици се слични, земете го српскиот, босанскиот, црногорскиот и хрватскиот ), дека словенските и македонските великани се бугарски како: Кирил и Методи, Св Климент и Наум , Глигор Прличев, Браќата Миладинови, Цар Самоил, но и Гоце Делчев кој е опеан и во нашата химна. Барањата да се избришат зборовите од таблите и надгробните плочи „фашистичка Бугарија “ на загинатите херои за време на НОБ е апсурдно бидејќи таму точно е наведен датумот и годината на кои се однесува, односно се однесува на тогашна фашистичка Бугарија, а не на сегашна Бугарија. Особено е важно да се напомене да Бугарија бара и тврди да нема македонско малцинство таму (потребно е да се приложат табелите од пописите во Бугарија извршени по втората светска војна каде како македонци се изјаснувале повеќе од 200 000 македонци) а од друга страна бара и измислува бугарско малцинство во Македонија и Албанија а не бара малцинство во Грција.


Дипломатска офанзива може да се направи на начин што ќе се остваруваат непосредни контакти со претседатели, премиери и останати политичари, дипломатски преставништва во земјата и надвор но и со сестрински партии од државите членки на ЕУ, САД, Русија, Кина и др. На таквите контакти ќе им се објасуваат сите тие апсурдни барања на Бугарија спрема Македонија а и ќе му се доставува писмениот акт, истовремено ќе са бара и подршка за што побрз прием на Македонија во ЕУ.


Опозициските партии треба да изнајдат начин за да спречи понатамошна албанизација на Македонија. Очигледно тоа е стратегија на албанското малцинство потпомогнато од надворешен фактор но и од македонски политичари на кои најважни му се личните амбици. Имено во моментот како аргумент треба да се користи донесениот Закон за попис преку кои очигледно се сака да се зголеми фиктивно процентот на албанците во Македонија. Значи доколку не се успее да се повлечи тој Законот за попис, јавно преку медиуми да се повика македонскиот народ и останатите граѓани да пописот го бојкотираат. Само така пописот ќе пропадне. Истовремено од Уставниот Суд треба да се бара што поитно да се изјасни по иницијативата на уставноста поднесена за законот за јазици, доколку тоа не го прави Уставниот суд може да се поднесе Кривична пријава за кривично дело „Злоупотреба на службената положба и овластување“ на судиите кои не постапуваат, но и треба да се организираат и демонстрации со истите барања. Во овај контекс сакам да укажам да јас лично немам ништо против албанците во Република Македонија, но очигледно за нив не важат македонските закони, не плаќаат даноци, а ги уживаат привилегиите од државата, се вработуваат и унапредуваат во државните служби преку ред не запазувајќи никакви критериуми. Секако дека треба да соработува со албанските партии, но при тоа јасно и јавно да им се укажува да Македонија е унитарна држава и да според тоа што се прави особено со Законот за јазици Македонија се поретвора во сложена држава, Федеративна или Конфедерација, а со нефункционалноста со тенденција на распад. Истовремено на Албанците и албанските политичари во РМ треба да му се каже да во некаква заедница со Албанија или Косово тие нема да живеат подобро и нема да бидат високи политичари како што се сега во РМ.


Доколку се сака да се предизвикаат предвремени парламентарни избори за кои насушно мислам да се потребни со кои ќе се промени ова власт која македонскиот народ во своја држава го претвори во безимена заедница и народ од втор ред треба да се предизвика блокада на работењето на македонскиот парламент а како причина би била распродажабата на македонските национални интереси, албанизацијата на Македонија и економското осиромашување на граѓните и др.


Другиот начин за предизвикување на политичка криза се уличните демонстрации кои би требало да ги организира ВМРО ДПМНЕ како најголема народна партија подржана од останатите опозициски партии, македонски патриоти, а како предводник би бил Г- дин Мицкоски во својство на Претседател на ВМРО ДПМНЕ а причините би биле предходно наведени. Како Претседател на ВМРО ДПМНЕ Г-дин Мицкоски треба да бидете и храбар и да носи одлуки од интерес на македонскиот народ и држава, а при тоа одговорноста ја понеси на сопствените плеќи. Република Македонија е донесена на ова тереџе, бидејќи сите досегашни високи водачи (претседатели на држава, влада и парламент) само сакале да сечат ленти и отвараат нови фабрики и сл. а кога требало да носат важни одлуки (конфликтот од 2001 год, Рамковниот договор, локалната територијална поделба, разговорите и договорите со Грција и Бугарија, непомилувањето на уставобранителите и сега пописот) никој не сакал да понесе одговорност, таквите политичари нас не ни требаат.


Б и т о л а

17.02.2021 год.



29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook