Повлекување на одлуката за финансирање на "ГЛОБАЛ" и да се изгради планинарскиот дом Копанки!


ПАРИ ЗА ГЛОБАЛ ИМА, А КОПАНКИ ЌјЕ ПОЧЕКА


Почитувани Битолчани, Изминува и третата година од кога СДСМ е локална власт а сите многу добро се сеќаваме што ветуваа СДСМ и Наташа Петровска во предизборната кампања дека планинарскиот дом ќе го изградат за една година.

Но наместо да започнат со изградба на планинарскиот дом Копанки, локалната власт на СДСМ започна нелигитимна правна битка со планинарите и љубителите на планината со цел непријателско преземање на планинарскиот дом Копанки. Дали крајна цел е приграбување на Копанки од страна на лице кое е близок роднина на функционер од актуелната власт?

Прашањето кое сите го поставуваме е зошто тогашната опозиција а сега локална власт гласаше ЗА, за сите одлуки кои се однесуваат за проектот Копанки но кога дојдоа на власт наместо финансиски да го поддржат и да го изградат планинаскиот дом Копанки тие бесрамно и експресно донесоа Одлука финансиски да го поддржат трговскиот центар Глобал во Струмица кој е во приватна сопственост.

Ја повикуваме градоначалничката Наташа Петровска да ја повлечи донесената Одлука на Советот на општина Битола за финансиска поддршка на трговскиот центар Глобал во Струмица и финансиски да ја поддржи изградбата на планинарскиот дом Копанки веднаш и без одлагање бидејќи оваа локална власт тоа му го должи на Битолчани.

Сакаме уште еднаш да ја потсетиме Наташа Петровска дека е градоначалник на општина Битола и да престане парите на Битолчани да ги троши во Струмица за потребите на дивоизградениот трговски центар Глобал во Струмица и својата великодушност да ја покаже прво во општина Битола, каде што како резултат на економските политики на нејзината партија има многу семејства на кои им треба помош, ранливи категории кои се целосно заборавени од локалната самоуправа и централната власт.

АЛЕКСАНДАР ИВАНОВСКИ - член на ОК ВМРО ДПМНЕ - Битола


29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum